(Видео) Ја врзуваше косата, а полицијата ја убила со шест истрели - Ново страшно убиство на жена на демонстрациите во Иран - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/26/22 9:56 AM

(Видео) Ја врзуваше косата, а полицијата ја убила со шест истрели – Ново страшно убиство на жена на демонстрациите во Иран

Хадис Наџафи, девојка од Иран, беше брутално убиена за време на протестот на улиците на Карај, каде што се собраа голем број луѓе за да го изразат својот револт поради бруталната смрт на Махса Амини.

Безбедносните сили испукале шест истрели во Наџаф.

На 24 септември 20-годишна девојка се здобила со прострелни рани во пределот на градниот кош, лицето и вратот, јавуваат медиумите.

Бруталното убиство на Хадис Наџафи се случи неколку дена откако Махса Амини (22) беше претепанa до смрт од иранската полиција за морал, бидејќи не ги почитуваше строгите правила за хиџаб во земјата.

Махса била кај роднините во Техеран кога полицијата за морал ја уапсила и ја привела каде брутално ја претепале. Девојчето имало срцев удар и починало.

Нејзината смрт предизвика демонстрации низ Иран и предизвика остар одговор од иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој нареди полицијата „одлучно да ги разбие“ демонстрантите.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го прикажува Хадис Наџафи како си ја врзува опашката додека се подготвува да се приклучи на групата демонстранти. После тоа таа била застрелана.

Нејзиниот симболичен потег стана нов симбол на страдањето во борбата за слобода во Иран.
За нејзината смрт извести и угледната иранска новинарка Масих Алинеџад.

– Оваа 20-годишна девојка која требаше да се приклучи на протестот против убиството на #МахсаАмини е убиена со шест куршуми. Безбедносните сили на Исламската Република ja застрелаа Хадис во градите, лицето и вратот – напиша Алинеџад на Твитер.

Се појави второ видео на кое се гледа како семејството на убиената плаче поради нејзината фотографија на свежо ископан гроб.

Ова ги поттикна пријателите и семејството да споделат видеа на кои таа танцува наоколу или позира пред камерите.
Да потсетиме дека најмалку 100 демонстранти беа убиени, а илјадници беа повредени за време на масовните протести во Иран.

(Телеграф.рс)

Фото: Твитер принтскрин


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7