Велешанец си го нападнал колегата додека биле на работа - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/25/22 6:10 PM

Велешанец си го нападнал колегата додека биле на работа

Педесет и шестгодишен велешанец вчера во полиција пријавил дека бил нападнат од свој колега, соопшти денеска МВР.

Имено,  О.С.(56) од Велес пријавил дека околу 19 часот, додека бил на своето работно место во филтерна станица Велес, бил физички нападнат од неговиот колега Т.Д..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7