Граѓаните со попреченост од Штип го одбележаа Денот на фитнесот под менторство на Бојана Манева
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/25/22 3:17 PM

Граѓаните со попреченост од Штип го одбележаа Денот на фитнесот под менторство на Бојана Манева

Граѓаните со попреченост од Штип се вклучија во одбележувањето на Националниот ден на фитнесот, 23-ти септември.

Во спортско-рекреативниот центар „Џексон“ тие вежбаа со своите сограѓани под менторство на Бојана Манева, кој е нивен фитнес тренер веќе шест месеци.

Манева потенцираше дека настанот по повод Денот на фитнесот бил организиран во соработка со Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака” – Штип.

-Веќе активно работиме шест месеци со нив, а проектот „Спорт и рекреација за сите” е поддржан од општина Штип, која им овозможи овие лица да бидат физички активни во сала. Искрено се надевам дека ќе продолжат да ги поддржуваат ваквите проекти и дека во наредните години ќе бидат вклучени поголем број на вакви лица – додаде Манева.

„Настанот го отвори градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов. Беше од отворен карактер, имавме доста учесници каде заедно вежбавме и се дружевме“, нагласи Бојана која рече дека се надева оти а ваквите настани ќе придонесат да се подигне свеста за инклузија на лицата со интелектуална попреченост и лицата со посебни потреби.

 

Фото: Мартин Кангалов

Се радувам на секоја нивна насмевка и прегратка – Штипјанката Бојана Манева една од ретките фитнес тренери на лицата со попреченост


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7