Се запалил автомобилот: Началникот на ГШ на АРМ, Васко Ѓурчиновски доживеал сообраќајна незгода
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/24/22 8:11 PM

Се запалил автомобилот: Началникот на ГШ на АРМ, Васко Ѓурчиновски доживеал сообраќајна незгода

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој учествуваше на 25-тата конференција на началници на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба, при  враќањето во текот на вчерашниот ден низ Косово имаше помала сообраќајна незгода со појава на оган на автомобилот со кој се превезувал, соопштија од Канцеларијата за односи со јавност.

Имено, во тек на движењето по автопатот помеѓу Коморане и Приштина во доцните попладневни часови, на автомобилот ненадејно избива оган кај моторниот дел при што благодарејќи на брзата интервенција на возачот и обезбедувањето истиот е изгаснат за многу кратко време.

Генералот Ѓурчиновски заедно со членовите на делегацијата и обезбедувањето го продолжиле патувањето со останатите возила и се вратени дома. Возилото кое веднаш по првиот знак на палење безбедно е тргнато од сообраќај, а по гасењето истото е транспортирано во Република Северна Македонија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7