Се еутанизираат свињи во карбинско-штипскиот регион поради африканската чума, соопшти Бабовски
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/24/22 3:13 PM

Се еутанизираат свињи во карбинско-штипскиот регион поради африканската чума, соопшти Бабовски

Започна депопулизацијата и еутанизацијата на свињи во Карбинско-штипскиот регион поради болеста африканска чума.

Од појавата на првиот случај во земјава, досега се депопулизирани и еутанизирани 3102 животни, а се очекува, со оглед на бројноста на одгледувалишта во овој регион, бројата да се дуплира. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски денеска во Штип нагласи дека Агенцијата постапува во рамки на законоските одредби и Правилникот за мерки за искоренување на африканската чума кај свињите.

Тој посочи дека во изминатиот период се донесени повеќе решенија во зависност од тоа како се јавуваат одредени жаришта на африканска чума.

– Во радиус од три километри од жариштето се врши депопулација со еутаназија на сите одгледувалишта коишто не применуваат или имаат ниски биосигурносни мерки.  Оние коишто имаат високи биосигурносни мерки, нивните свињи одат во кланица со која Агенцијата има потпишано договор и месото понатаму се носи на преработка со одреден технолошки процес.  Во радиус од 10 километри се врши депопулација меѓутоа без еутаназија, туку со економско искористување на животните, појасни Бабовски.

Тој потенцираше дека вирусот е  отпорен, но дека болеста не влијае на здравјето на граѓаните.

– Тоа месо што ќе биде преработено е здраво, безбедно месо, бидејќи ние луѓето не заболуваме од оваа болест, појасни Бабовски.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7