Сакале да крадат, но ги фатиле и им викнале полиција: Двајца кумановци осомничени за разбојништво
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/24/22 9:47 AM

Сакале да крадат, но ги фатиле и им викнале полиција: Двајца кумановци осомничени за разбојништво

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по поднесена кривична пријава против две лица, на возраст од 41 и 34 години, донесе Наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение дека двајцата соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 238 став 4 во врска став  од Кривичниот законик.

На 21 септември, осомничените, затечени во кражба во кумановско Долно Којнаре, употребиле закана и сила дека ќе нападнат врз животот и телото на две лица. Од гаража во дворот на една куќа одзеле бакарна прскалка, но биле затекнати од сопственикот и неговиот син. Во обид да побегнат, еден од осомничените извадил нож со кој се заканиле на оштетените, но тие успеале да ги совладаат и да ги задржат до доаѓањето на полицијата.

Со оглед на тоа што и двајцата осомничени се претходни сторители на други слични кривични дела, па постои јасен ризик да го повторат делото или да се дадат во бегство, како и опасност да се обидат да влијаат врз сведоците/оштетените, јавниот обвинител достави предлог да им биде определен притвор.

Судијата го прифати предлогот и на осомничените им определи мерка притвор во траење од по 30 дена.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7