ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/23/22 4:44 PM

За да не го фати полиција се обидел да проголта пакување со дрога

Вчера полицијата во Охрид уапсила маж, кој пред да го контролираат се обидел да голтне цело пакување дрога.

-На 22.09.2022 во 17.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид и Секторот за недозволена трговија со дрога при МВР го лишиле од слобода В.Ш.(30) од Охрид. Претходно, тој бил забележан во патничко возило „алфа ромео“ со охридски регистарски ознаки на ул.„Сатеска“ во Охрид и при извршена контрола се обидел да проголта пакување со бела прашкаста материја, која му била одземена. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7