ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/23/22 3:49 PM

Библиотека во Делчево наградува мажи, ги мотивира да читаат книги

Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево втора година ги награди најдобрите читатели мажи со најмногу прочитани книги во изминатата година.

-На листата на топ пет читатели мажи годинава влегоа Сашко Дуовски,  Александар Чучурски, Даниел Ристовски, Александар Белогаски  и Матеј Вучевски. Честитки до сите нив, посакуваме и понатаму да бидат наши редовни читатели. За нивната редовност тие денеска добија пригодни подароци од библиотеката, рече директорката на библиотеката Биљана Петровска.

Од библиотеката посочија дека жените процентуално се поредовни читатели отколку мажите.

-Посакуваме во иднина да имаме поголем број мажи кои ќе бидат наши членови.Наша констатација е дека жените се желни да читаат книги напишани од мажи, но значително помал број на мажи се желни да читаат книги напишани од жени, додаде Петровска.

Од ЈЛБ „Илинден” додадоа дека ќе продолжат со наградувањето на своите читатели,  со цел да се зголемува нивниот број.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7