ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/23/22 2:31 PM

„Болна и сурова е вистината, кога некој ќе почине се се заборава“ – Емотивна порака на Сузе за починатиот соруг

Пејачката и водителка Сузана Турунџиева со емотивна порака се присети на роденденот на нејзиниот покоен сопруг  Марјан.
Таа на својот Фејсбук профил напиша дека да беше жив денес ќе го славеше 48 роденден.
-Денес ќе прославевме 48… Вообичаено на овој ден половина Скопје доаѓаше… Се собираше… Се пиеше, се јадеше, се наздравуваше… Болна и сурова вистина е дека кога човек ќе почине, се се заборава… Ги снемува пријателите, роднините, другарите… Со чест на малкумина, кои немаат кратко помнење… Сакам да верувам дека таму, од другата страна не е се толку сурово, минливо… Сакам да верувам дека во Бескрајот нема толку разочарување како тука… Почивај во мир драг наш Марјан, сигурно денес околу тебе има полни софри и полни чаши, напиша Сузе.
Сузе во бракот со Марјан ја има ќеркичката Матеја.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7