ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/23/22 1:03 PM

(Видео) „Од Русија со љубов“ – Шпоретот на гас му работел 24 часа за само 1.44 евра месечно, стример ја налути ЕУ

Во месеците кога Европа ги намалува сите свои капацитети за потрошувачка на гас на минимум, руски блогер направи нешто што предизвика гнев кај огромното мнозинство европски граѓани.

Во медиумите се појави информација за необично видео објавено од блогер од Ростов на Дон. На видеото се гледа шпорет на гас кој горел 24 часа.
Сепак, денеска овој канал беше блокиран од платформата „Твич“ на која се емитуваше. Сергеј, кој е автор на ова видео на платформата „Твич“, објасни дека на овој начин го покажува својот однос кон западните санкции.

Под видеото стои натписот „Од Русија со љубов“.


„Плаќам 87 рубли (1,47 евра) за гас месечно. Цената е иста во секое време од годината, а судејќи според ситуацијата, Европејците ќе бидат тажни оваа зима“, вели Сергеј.

Тој изјавил дека не очекувал толкава популарност, бидејќи видеото имало 2.800 прегледи.

-Каналот во моментов е недостапен поради прекршување на Правилата на заедницата или Условите за продажба на „Твич“, се вели кога се обидувате да влезете во овој канал.

Сергеј изјавил дека блокирањето на неговата сметка се објаснува со тоа што тој наводно објавувал насилни содржини.

Меѓутоа, наместо сметката “russiangas1″ сега има сметка”russiangas2”  на платформата, која ја пренесува истата содржина.

Сергеј наведува дека сакал да ја поддржи политиката на Руската Федерација, како и да покаже дека санкциите наметнати од Запад против Русија ги погодуваат Европејците и додаде дека неговите следбеници од Германија и Чешка испратиле коментари во кои напишале дека тие им завидуваат на Русите.

Извор: espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7