ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/23/22 9:22 AM

(Видео) „Се сруши крај гробот додека го спуштаа татко и во земја“ – Исповед на Боно Вокс за смртта на мајка си

Ирскиот музичар Боно Вокс (62), чие вистинско име е Пол Дејвид Хјусон, за прв пат проговори за смртта на неговата мајка.

Во своите мемоари „Предавање: 40 песни, една приказна“, тој откри дека тој и неговиот постар брат Норман имаат многу малку сеќавања на нивната мајка Ајрис и дека се обиделе да ја избегнат болката што ја чувствувале поради загубата. Таа починала во септември 1974 година. Само неколку дена откако доживеала мозочен удар на погребот на нејзиниот татко.
– Се плашам дека беше полошо од тоа и ретко се сеќававме на неа. Бевме тројца Ирци и ја избегнувавме болката што знаевме дека ќе ја почувствуваме ако разговараме и размислуваме за тоа – призна Боно.

Имал само 14 години кога ја изгубил мајка си.
Тој го опиша и настанот од погребот на неговиот дедо кога го видел татко му како ја носи мајка си во раце низ толпата.

– Брзаше да ја однесе во болница. Таа се струполи покрај гробот додека нејзиниот татко го спуштаа во земја – се присети тој.

Три дена подоцна тој и неговиот брат отишле во болница за да се поздрават со неа. Оттогаш, нивниот живот е обележан со меланхолија, мистерија и мелодрама.
Инаку, Боно кон средината на јуни открил дека има полубрат, за кој со децении не знаел дека постои. За него дознал во 2000 година. Тој на водителот на емисијата Desert Island Discs  и рекол дека неговата мајка Ајрис не знаела дека нејзиниот сопруг има дете со друга жена.

– Тоа е многу блиско семејство и сфатив дека татко ми има длабоко пријателство со таа убава жена… а потоа добија дете. И сето тоа се чуваше во тајност – изјави Боно на Би-Би-Си Радио 4. Откако Боно дознал, разговарал со својот татко Боб пред неговата смрт во 2001 година.

– Го прашав дали ја сака мајка ми и ми рече „да“ – се присетил Боно.

Иззвор: 24сата.хр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7