ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/23/22 8:42 AM

Ѓаволот веќе не носи „Прада“, едноставни модели од хартија – Модна недела во Милано

Вториот ден од Mодната недела во Милано беше одбележан со ревија на италијанскиот луксузен бренд „Прада“. Нивната колекција пролет/лето 2023 се одликува со едноставност, но и контрасти, а „непотребните компликации“ се отстранети, посочуваат познавачите.

Моделите носеа проѕирна горна облека и здолништа, фустани без ракави направени од хартиена основа, кошули со зашилени јаки, тенки панталони и комбинезони. Во нивната најнова колекција женска облека, дизајнерите Мијуча Прада и Раф Симонс работеа на замислата на едноставност.
Дизајнерите, кои работеа со филмскиот режисер Николас Виндинг Рефн, се задржаа на минималистичката палета бои – сива, бела, црна со примеси на лимета, портокалова и црвена.

– Нема сложена структура или нешто непотребно. Сакавме да направиме нешто со наједноставниот, најскромниот материјал – хартијата. Потоа користевме систем на намалување и едноставност како средство за создавање на убавината, изјави Миуча Прада.

Миланската Модна недела беше отворена завчера и ќе трае до 26 септември.  Петдневниот календар на настани се врати на нивоата пред Ковид-19 пандемијата, со 68 писти, 104 презентации и 30 настани.

МИА

Фото: МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7