ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/22/22 6:52 PM

Пациент со тешка болест доби нова шанса за живот – Направена уште една трансплантација на срце од починат донор

Рано утрово на Клиниката за државна кардиохирургија, 46-годишен пациент со тешка срцева болест доби срце од починат донор и нова шанса за живот, соопшти попладнево Министерството за здравство.

Во моментот, на Клиниката за урологија се прават две трансплантации на бубрег кај млади пациенти со бубрежна слабост кои беа долги години на дијализа. Дополнително во наредните недели пациенти со коскени тумори и тешки повреди ќе имаат можност за квалитетно лекување – посочија од Министерството.

Од МЗ јавно упатија благодарност до семејството на донорот, односно до нејзините три исклучително хумани ќерки кои во моменти на најголема тага одлучија да ги донираат органите и да спасат не еден, туку неколку животи. Уште еднаш ни покажаа дека хуманоста и добрината се доблести кои треба да ги чуваме и негуваме. Преку својата фејсбук страница, институцијата исто така информираше и дека уште едно семејство, односно најблиските на младо момче вчера изразиле подготвеност да ги донираат неговите органи.

Овие две сeмејства ја ставија емпатијата над сопствената болка и траума и благодарение на нив не еден туку неколку пациенти добија шанса за нов живот – велат од Министерството.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7