ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/22/22 5:26 PM

Штипјанец (19) ја истепал љубовницата (18) на улица во Скопје

Љубовна расправија, која завршила со повреди и расекотини се случила вчера во Скопје.

-Синоќа во 20:40 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Е.А.(19) од Штип, затоа што околу 16:00 часот на ул.„Пелагонија“ во Шуто Оризари – Скопје со остар предмет ја нападнал неговата 18-годишна љубовна партнерка и ѝ нанел расекотини. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7