Си личел со другарот, па му ја украл личната карта и му крадел пари од трансакциска - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/22/22 2:27 PM

Си личел со другарот, па му ја украл личната карта и му крадел пари од трансакциска

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(35) од Скопје, осомничен за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци”.

Пријавениот, како што денеска појаснија од МВР, неовластено задржал лична карта на негов пријател и искористувајќи ја физичката сличност со него и претставувајќи се во негово име, на шалтер во филијала на банка во општина Бутел од неговата трансакциска сметка подигнал 50.000 денари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7