Никако не смеете да чувате храна во кутии од сладолед, опасно е
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/22/22 8:51 AM

Никако не смеете да чувате храна во кутии од сладолед, опасно е

Веројатно сте ги чувале вашите намирници во фрижидер и тоа во кутија за сладолед.

Научниците открија дека треба да избегнуваме такви ситуации
Речиси во секое домаќинство можете да најдете кутии за сладолед кои се користат за складирање на друга храна откако ќе се изеде сладоледот.
Сепак, кутиите за сладолед не се наменети за ова, бидејќи тие можат да испуштаат хемикалии како што се УВ стабилизатори, омекнувачи или други супстанции кои се наоѓаат во пластиката. Експертите тврдат дека овие опасни материи лесно може да се пренесат во храната.

Се советува кога ќе го јадете сладоледот, да ја фрлите кутијата и да не чувате друга храна во неа. Експертите тврдат дека е особено опасно ако овие пакувања ги измиете со топла вода или ако ги ставите во микробранова печка.
Наместо пластика, најдобро е да користите стаклени или силиконски садови.
Силиконските садови се исто така совршен избор за чување храна во замрзнувачи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7