По три години „испливаа“ нови детали за несреќата во која загина фудбалерот Сала
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/21/22 5:49 PM

По три години „испливаа“ нови детали за несреќата во која загина фудбалерот Сала

Пилотот Дејвид Иботсон, кој управуваше со авионот при несреќата во која во 2019 година, покрај него, загина и аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, уште пред полетувањето бил свесен за проблемите со леталото, јави денеска Би-Би-Си.

Сала загина на пат од Нант кон Кардиф откако двата клуба претходно се договорија за трансфер на 28-годишниот аргентински фудбалер.

Новите детали за авионската несреќа се поврзани со аудио снимка на која може да се слушне како пилотот Иботсон во разговор со пријатели наведува дека леталото е „опасно” и оти ќе носи „појас за спасување” на летот од Франција до В лс.

Малиот приватен авион се урна во Ла Манш на 19 јануари 2019 година.

Подоцна беше утврдено дека 59-годишниот Иботсон не поседувал дозвола за комерцијални и ноќни летови. Неговото тело сè уште не е пронајдено.

 

МИА

Фото: Instagram


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7