ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/21/22 12:57 PM

Дизелот поевтинува за два, Екстра лесното масло за два ипол денари

Дизелот од полноќ поевтинува за два денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за два и пол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините и на мазутот останува иста.

Согласно најновата одлука, дизелот ќе се продава по цена од 90 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 86 денари за литар.

Цената на Еуросупер БС-95 останува 84,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 87 денари за литар, а мазутот за 50, 391 денар за килограм.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7