Намерно или не? Со свеќа ѝ го сокрија лицето на Меган, а Хари на сите им гледаше во грб - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/21/22 11:30 AM

Намерно или не? Со свеќа ѝ го сокрија лицето на Меган, а Хари на сите им гледаше во грб

Принцот Хари и Меган Маркл, присуствуваа на сите погребни настани, но сепак еден детал го привлече вниманието на сите.

Седењето на војводата и војвотката од Сасекс во Вестминстерската опатија предизвика прашања откако беа делегирани да седнат во вториот ред – зад новиот крал и неговата сопруга.
Сега е откриена причината за распоредот на седиштата во Вестминстерската опатија.

Според извори од Бакингемската палата, внуците на кралицата се наредени на приближна возраст, што значи дека војводата и војвотката од Сасекс биле зад кралот Чарлс. Официјалните лица, исто така, рекоа дека планот за седење е дизајниран да обезбеди семејствата да останат заедно.

Војводата и војвотката од Сасекс седеа подалеку од принцот Вилијам и неговото семејство, на кои им беа дадени места во првиот ред. Наместо тоа, Меган и Хари седеа покрај принцезата Беатрис и нејзиниот сопруг Едуард. Извор од палатата изјави за Тајмс дека внуците на кралицата биле распоредени по приближна возраст за да ги одржуваат семејствата заедно.

Оние кои го гледаа погребот на телевизија вчера на социјалните мрежи споделија теорија според која војвотката од Сасекс намерно била блокирана од камерите. Корисниците на социјалните мрежи сметаа дека свеќата била „поставена“ за да го замати лицето на војвотката од Сасекс.

Но, сепак, корисниците на Твитер се собраа да ги споделат своите размислувања за ситуацијата во време на историски ден во британската историја. Едно лице тврдеше:

– Не сакам да бидам теоретичар на заговор, но таа свеќа целосно ѝ го блокира погледот на Меган, а таа не беше единствената.

Меган седеше зад Камила, кралицата и до нејзиниот сопруг принцот Хари – но за поголемиот дел од државниот погреб само нејзината капа беше видлива за оние што гледаа на телевизија, пренесува The Sun, но сè уште не е откриено дали тоа всушност било намерно.

 

(Kurir.rs/ usmagazine.com)

Фото: принтскрин Јутјуб


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7