(Видео) „Му удрив шлаканица, а потоа уште неколку пати со тупаница“ - Бјелогрлиќ на суд за тепачката со Гага Антонијевиќ - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/21/22 11:00 AM

(Видео) „Му удрив шлаканица, а потоа уште неколку пати со тупаница“ – Бјелогрлиќ на суд за тепачката со Гага Антонијевиќ

На Драган Бјелогрлиќ вчера му се судеше во Првиот основен суд за напад на Гага Антонијевиќ на 23 август минатата година во хотел во Ниш.

За време на двочасовното излагање на својата одбрана, Бјелогрлиќ опишал дека неговиот однос со Антонијевиќ бил коректен и дека дури соработувале во серијата „Убијците на татко ми“, но дека после тоа повеќе немале деловни односи. Како што наведе, сè започнало во јануари 2020 година, кога Антонијевиќ на медиумите им испратил писмо и мејл наводно испратени од Бјелогрлиќ, во кои Антонијевиќ го обвинува за „мито и корупција“.
Пред инцидентот во Ниш, како што изјави, случајно се сретнале неколку пати, кога Антонијевиќ го нарекувал со погрдни имиња и повторувал дека припаѓа во затвор. Кобната вечер Антонијевиќ, како што тврди Бјелогрлиќ, непоканет се појавил на прославата на филмската екипа на филмот „Нечиста крв“ и неколкупати ги повторил истите навреди пред луѓето.


-Се упатив кон тоалетот, го слушнав како вели „да одам во затвор“, изгубив контрола, му пријдов, го прашав до кога ќе ме провоцира и му удрив шлаканица. Проба нешто со стапалата, мрдаше со раката кон шише, јас го фатив за раце и му зададов уште неколку удари со затворена тупаница – изјави Бјелогрлиќ, наведувајќи дека е сигурен дека тоа немало да се случи доколку Антонијевиќ не ја повлекол раката кон шишето.

-Не разделија, отидов да си ја земам јакната, а потоа се случи вториот дел од тепачката. Ме нападна, ме собори на под и ми зададе неколку удари, а потоа повторно не разделија – додаде Бјелогрлиќ.

Инаку, при излагањето на одбраната изјави дека во неколку наврати и самиот бил сведок кога Антонијевиќ на ист начин се судрил со други лица.

Извор: espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7