Скандал! Познат пејач ја изневерил бремената сопруга со инфлуенсерка, сакал и детето да го крсти по неа - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/20/22 8:18 PM

Скандал! Познат пејач ја изневерил бремената сопруга со инфлуенсерка, сакал и детето да го крсти по неа

Самнер Строх, модел од Лос Анџелес објави видео кое предизвика вистинска лавина коментари на социјалните мрежи.

Во него таа тврди дека една година била во врска со фронтменот на Мароон 5, Адам Левин, додека тој бил во брак со супермоделот Бехати Принсло. Работите да бидат покомплицирани, се се случувало во периодот кога дознале дека неговата сопруга е бремена. Левин тогаш дошол до идеја која ги изнервирала сите, па дури и самата Самнер. Тој сакал да го крсти своето дете по неа.

Откако видеото го обиколи светот, Адам Левин реши да се огласи. Тој призна дека ја „преминал границата“ и дека бил „интимен“ со друга жена, но негираше дека имал афера. Тој на Инстаграм се осврна на обвинувањата што му ги упати 23-годишна инфлуенсерка и модел.

Во изјавата објавена на социјалните мрежи, Левин рече дека сака да ги отфрли гласините што кружат за него, кои се појавија само неколку дена откако неговата сопруга откри дека го чекаат своето трето дете.


– Немав афера, но ја преминав границата во еден момент од мојот живот. Во одредени случаи тоа може да се толкува поинаку, а потоа станува несоодветно. Ова ќе го решам во договор со моето семејство – изјави Левин.

Потоа додаде:

– Мојата сопруга и моето семејство се сè што ми е грижа на овој свет. Да бидам толку наивен и глупав за да ризикувам да се доведе во прашање единственото нешто што навистина ми е важно… тоа е најголемата грешка што можев да ја направам.

Тој додаде дека ќе ја преземе целосната одговорност и се ќе поминат заедно.

Неколку часа претходно, Строх јавно изјави дека и е жал што е дел од таа афера. Како оправдување го навела фактот дека мислела дека неговиот брак е „завршен“. Нејзиното видео стана вирално, а многумина оставија низа негативни коментари на нејзината сметка, осудувајќи ја на прво место дека стапила во врска со оженет маж. Таа тврдела дека Левин и рекол дека повеќе не се заедно и дека сака да започне нов живот.

-Молчев, навистина имав чувство дека тука им е крајот. Токму затоа се чувствувам искористено, знаеше дека сум ранлив затоа што штотуку се преселив во нов голем град и го искористи тоа за да ме манипулира.

 

Извор: glossy.espreso.co


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7