(Видео) „Единствена за која плаче е за себе, секако не за кралицата“ - Дали солзите на Меган Маркл се вистински?
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/20/22 2:16 PM

(Видео) „Единствена за која плаче е за себе, секако не за кралицата“ – Дали солзите на Меган Маркл се вистински?

Меган Маркл беше видена како ги брише солзите за време на погребот на кралицата Елизабета додека ковчегот требаше да биде пренесен од Лондон на последното патување на нејзиното височество до Виндзор.

Експертот за говор на телото, Адријан Картер, од Face Whisper, ги доведе во прашање солзите на Меган дали се вистински, нешто што беше жестоко оспорувано на социјалните мрежи.

„Тешко е да се каже дали нејзините солзи се израз на вистинска тага, но Меган сигурно знае дека ќе биде видена и фотографирана. На фотографијата не гледаме многу движења на мускулите на лицето на Меган кои би се активирале со искрени емотивни изрази. Можеше емотивно да се контролира“, истакна  Картер.
Г-ѓа Картер не беше единствената што се прашуваше дали солзите на Меган се вистински. Учествуваше и кралскиот автор на книгата „Одмазда: Меган, Хари и војната меѓу Виндзори, Том Бауер“. Тој изјави за GB News:

„Единствената личност за која Меган плаче во моментов е за себе. Секако не за кралицата“.

Сепак, многумина на социјалните мрежи не се согласуваат. Многу луѓе се огласија на Твитер за да ја бранат војвотката, истакнувајќи ја вистинската „болка и тага“ на лицето на Меган.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7