ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/19/22 11:59 AM

Фустан и шапка од нејзината шивачка, чанта од чаршија – Погледнете како ќе изгледа првата дама на погребот на кралицата

Претседателот Стево Пендаровски и сопругата Елизабета Ѓоргиевска денес во Лондон ќе присуствуваат на последното испраќање на кралицата Елизабета Втора.

ММС дознава дека и овој пат брачниот пар Пендаровски –  Ѓоргиевска се модно ускладени, како впрочем и за скоро сите официјални посети до сега, но, како што велат наши извори, овој пат првата дама ќе се појави со шапка, што речиси и да не сме ја виделе до сега.

Она што исто така е за пофалба, е што првата дама и овој пат се одлучила да биде облечена во гардероба од домашна изработка и не отстапила од нејзиното правило да се промовира она што е наше.

-Ќе бидат облечени и претседателот и сопругата, како што налага протоколот, во темно, односно црно, Исто како што беа и вчера на оддавање почит на посмртните останки на Кралицата во Вестминстер и потпишувањето во книгата на жалост во Ланкастер хаус. За оваа прилика Ѓеоргиевска нема конкретна соработка за дизајн и стајлинг со некои од македонските дизајнери, туку по нејзина идеја  фустаните се сошиени од шнајдерката, каде што шие со години и што многу пати досега ја кажала, вели нашиот извор.
Ѓоргиевска вчера беше во класичен црн фустан со охридски бисери, што ги има веќе неколку години.
-Денес ќе биде облечена во мантил фустан. Идејата за стајлинот сама си го има смислено, како и за речиси се досега. Реално таа е многу креативна и спретна и сама смислува цел стајлинг. За секој поголем јавен настан или посета таа си истражува, се подготвува, чита и се информира како е по протокол, вели изворот на ММС.
Вака ќе изгледаат претседателот и сопругата на погребот на кралицата
Разликата од многу пати до сега е што Ѓоргиевска денес ќе се појави достоинствено со црна шапка, која ја изработиле специјално по нејзина нарачка.
-Шапката на Ѓоргиевска е изработена од нејзината кројачка што соработува со години, а чантата и е од изработувач во  Старата скопска чаршија, велат за ММС.
Ѓоргиевска по секое појавување добивала позитивни ритики за нејзиниот изглед. ММС досега многу пати пишувал за стајлингот на првата дама на официјални државнички случувања.
Погледнете како изгледала првата дама:

 

Во црвен фустан нашата прва дама блесна пред кралицата Летиција, која важи за модна икона

(Видео) „Зарем сонцето не нè грее сите“ – Со пораката од Св. Кирил првата дама Ѓоргиевска блесна во Светата Столица

Достоинствено, ненаметливо и усогласено со претседателот – Како изгледаше Елизабета Ѓорѓиевска на средбата во Загреб

Одлучна, храбра црвена боја на фустан во класичен стил – Како изгледаше првата дама Елизабета Ѓорѓиевска на средбата во Атина

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7