ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/17/22 2:02 PM

Државата зборува едно, а со законските измени нема олеснувања за поставување фотоволтаици, вели професорот Константин Димитров

Ако нашата држава навистина размислуваше правилно, требаше да донесе уредба барем во овие месеци да се дозволи забрзано поставување на сончеви колектори на покривите на домаќинствата и малите потрошувачи, истакна експертот за енергетика, професорот Константин Димитров, во емисијата „Стадион“.

Тој вели дека со новата измена на Законот за енергетика која ја направи владата ништо не е олеснето, напротив постапката дури е и отежната. Дополнително смета и дека државата не треба да ги ограничува домаќинствата колку киловати да произведат.

– Има додадено дополнителен член, кој вели дека откако се ќе поставите ќе треба да ви дојде градежен инспектор од општината. Замислете за една мала инсталација во вашиот дом, откако се сте средиле за куќата, и ако најде некоја забелешка, ако не е баш како што тој мисли, ќе ви направи приговор и ќе чекате којзнае колку време, вели Димитров.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7