Доматот се лупи во еден потег - Олеснување среде зимница
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/1/22 10:35 AM

Доматот се лупи во еден потег – Олеснување среде зимница

Сите домаќинки знаат колку лупењето домати може да биде досадно и напорно.

Честопати не можете лесно да го олупите, а често се случува да се ипрскате и да направите неред низ целата кујна.
Сепак, постои едноставен трик кој ќе ја ублажи оваа болка. За најлесно да ја излупите кожата, прво треба да ја извадите дршката, а потоа со остар нож малку да го исечете доматот од дното само на површината.

Ставете го во сад со врела вода и оставете го околу триесет секунди, а потоа префрлете го во сад со ладна вода. По две минути излупете ја кората со нож или прсти наеднаш, а потоа исчистете ја како и обично.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7