ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/5/22 2:22 PM

„Се чувствувам добро, но треба да се внимава“ – Владиката Стефан оперирал ‘рбет во Констанца, Романија

Архиепископот Охридски и Македонск г.г. Стефан по подолга пауза за христијанскиот празник  Успение на Пресвета Богородица се врати на обврските.

Причината за неговото отсуство биле проблемите со грбот, кои повеќе години му предизвикувале болки,а во медиумите се појавија различни шпекулации за неговото здравје.

ММС разговараше со поглаварот на МПЦ, кој ни кажа дека паузата се случила поради проблеми со ‘рбетот, но дека по операцијата сега се е во ред и се чувствува добро.

-Имав проблеми со ‘рбетот и тоа мораше да се среди со хируршка интервенција.  Се оперирав пред мецес и половина и сега, му благодарам на Бога,  е се во ред. Операцијата ја направив во Констанца, Романија, кај многу добар лекар, неврохирургот д-р Стефан Миндеа, Романец, кој растел, се образувал, специјализирал и извесен период работел во САД. Сега е вратен од Америка и при оваа прилика му благодарам што ги реши моите проблеми со ‘рбетот, вели владиката Стефан за ММС и додава:

-Иако сега се е во ред, сепак, ми е препорачано внимателно да ги извршувам секојдневните активн ости. Навистина се чувствувам добро, но со потребна внимателност. Лекарот препорача,а јас веќе практикувам почесто и подолго пешачење, секако колку тоа ми го дозволуваат обврските,вели владиката Стефан за ММС.

Во недела на 28 август православните христијани го одбележаа празникот Успение на Пресвета Богородица во народот познат како Голема Богородица, а во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка, крај Скопје во неделата во утринските часови се одржа литургија со која чиноначалствуваше неговото блаженство архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

На 11 овој месец, на празникот св. Јован Крстител, владиката Стeфан ќе одржи литургија во црквата во Капиштец.

Весна Миленковска

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7