Кафе и лимон - комбинација за намалување на килограмите!
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/6/22 7:28 AM

Кафе и лимон – комбинација за намалување на килограмите!

Напитокот без кој ретко кој може да го замисли денот станува ефикасно средство за намалување на килограмите ако во него се додаде само една евтина состојка!

Вишокот килограми и обезноста се проблеми со кои се соочува голем дел од популацијата. Модерниот живот и прекумерното внесување на храна доведоа до тоа физичкиот изглед на луѓето драстично да се промени во однос на изминатата деценија. И додека едните се обидуваат да излезат на крај со прекумерната тежина, други бараат конкретни совети и упатства, па макар тоа да е и на интернет.

Ако сте од оние кои беспомошно поминуваат време на интернет во потрага по добра диета за да симнат некој килограм вишок, можеби не е лошо да го послушате советот на д-р Мајби кој на социјалната мрежа ТикТок објасни како може да се согорат масните наслаги на критичните места.

Кафето не само што го забрзува метаболизмот, туку во комбинација со лимон може да даде одлични резултати при слабеење. За овој напиток ви е потребно да исцедите половина лимон во чаша, а потоа да додадете половина од средна лажичка кафе. На крајот прелијте ги со врела вода и пијте ја ваквата комбинација рано наутро.

За дозирањето на кафето, односно временскиот период кој е потребен за оваа диета не е познато, но ако им се верува на снимките кои ги објавува овој профил, трансформацијата кај луѓето е повеќе од очигледна.

Секако се’ ова треба да се земе со резерва и со предходна проверка и редукција во исхраната и физичка активност, но кој знаe, можеби во овие мали трикови се кријат решенија за проблемите на многу од нас?

 

Извор: srecna.republika.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7