Се евакуираат жители во Лажани, улици во Тетово непроодни - Македонија под вода
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/22/22 11:19 PM

Се евакуираат жители во Лажани, улици во Тетово непроодни – Македонија под вода

По обилните врнежи што вечерва ја зафатија државава од ЦУК известуваат дека поплавени се неколку градови и места.

-Тетово и околината има пријавено места кои се погодени од невремето каде има поплавено подруми, гаражи и ќуки, а исто така излеана е канализацијата од неколку шахти. Во моментов интервенираат ТППЕ Тетово. Патот кон село Фалише кај надвозникот е поплавен е во прекин за движење. Исто така патот што води од стадион до Касарна е поплавен и е во прекин за движење. Поплавени се улицете 141, улица Фуштанска, улица Илинденска, улица 114, улица Мирче Ацев, улица 121, информираат од ЦУК.


Од таму велат дека Кризниот штаб е активиран, а вработени од ЈКП Тетово се на терен со два багери и интервенираат на каналот што поминува низ с.Мала Речица. СВР Тетово е на терен за нормализирање на сообраќајот.


-Поројска река спрема Тетово -Јажинце е во ризик за излевање на водата. Од страна на општина Тетово е испратено багер за да не дојде до блокирање на патот Тетово-Јажинце. Се праваат напори во нормализирање на состојбата, ве3лат од ЦУК.
Вечерва се поплавија и неколку села во општина Долнени


-Според последните информации добиени од Градоначалникот на ЕЛС Долнени заради поплавувањето на подрумските простории на куќи се врши евакуација на загрозените жители на село Лажани со помош на трактори. Во моментот ангажирани се два багери, од ТППЕ Прилеп испратена е екипа со тројца пожарникари со едно теренско возило. Но, подоцна водата во поплавените населени места почна да се повлекува. Поголем дел од општина Долнени се без електрична енергија, но не поради дефект туку превентивно е исклучена струјата да заштитат луѓето и мрежата. Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата. Екипата од ТППЕ Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во село Лажани. До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани, велат пд ЦУК.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7