„Ме плукаа, ми рекоа дека сум наказа, грешка на природата“ - Лејди Гага поминала низ пекол пред да стане светска ѕвезда
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/15/22 8:39 AM

„Ме плукаа, ми рекоа дека сум наказа, грешка на природата“ – Лејди Гага поминала низ пекол пред да стане светска ѕвезда

Стефани Џоан Анџелина Германота е целосното име на Лејди Гага, која денес сите ја знаат, а многумина ѝ се восхитуваат и ѝ завидуваат на нејзиниот неверојатен талент.

Но, како тинејџерка, Гага била погрешно разбрана од нејзините врсници.

„Почнав да свирам пијано на четиригодишна возраст. Многу луѓе им велеа на моите родители дека сум чудо од дете бидејќи ги изведував исклучително најтешките композиции на Бах, Бетовен и Шопен, но не веруваа. Мислеа дека нешто е грешка со мене и дека сум чудна затоа што никогаш не ме интересираше да поминувам време со други деца. Бев тивка, повлечена, во еден момент дури ме одведоа кај детски психолог да види што се случува со мене. После една година, сфатија дека е подобро да ме остават на мира и да си гледаат своја работа бидејќи сѐ можам да направам сама“, изјави еднаш Лејди Гага.

Но, проблемите продолжиле и кога започнала средно училиште каде се соочила со различни видови на психичко насилство. Во тоа време, дури беше создадена група на Фејсбук „Стефани, никогаш нема да бидеш ѕвезда“.

„Не сакам да се враќам во времето бидејќи мислам дека тоа е губење време. Поминав ужасно време како тинејџер бидејќи преку ноќ се соочив со најлошата форма на психичко малтретирање од децата во средно училиште. Отсекогаш сум била поинаква, не се вклопив во средината, имав само неколку пријатели и ја сакав музиката. Сигурна сум дека многу млади луѓе поминале низ сличен пекол, но тие молчеа затоа што беше срамота. Поради мојата различност паднав во длабока депресија на петнаесет години“, изјави пејачката во интервју на Опра кога откри дека била силувана на 19 години.

„Ме плукаа и ми рекоа дека сум изрод, грешка на природата… Се затворив во куќата и играв непрекинато седум часа за да се ослободам од сета негативна енергија и омраза што ја чувствував кон другите. Грдо е кога некој го мразиш, а јас го мразев целиот свет. Жалам за тоа денес“, изјави тогаш Лејди Гага.

А потоа, на 19 години го запознала продуцентот Роб Фусари, кого го воодушевила, а недолго потоа потпишала договор со продукциска куќа. Ја сними песната “Boys, boys, boys”, популарноста почна да расте со неверојатна брзина, а сѐ останато е историја.

 

Извор: mondo.rs

Фото: Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7