ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/14/22 10:44 PM

(Видео) „Децата плачеа, беа крвави, беше страшно и тажно“ – Српски автобус се преврте во Бугарија, 17 деца се повредени

Седумнаесет повредени деца се примени вечерва во болницата во Стара Загора, меѓу кои три се со тешки повреди.

Најмладиот е на возраст од шест години, најстариот е на 17-годишна вораст.

Тоа е најновиот биланс поведени откако автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија излета од автопатот Тракија во Бугарија и се преврте во ендек.

– Три деца се потешко повредени и во нашата болница е хоспирализиран и маж со тешки повреди на ногата, изјави директорот на болницата   Јовчо Јовчев.

Нема загинати во сообраќајната несреќа.

– Има четворица тешко повредени, но не се во животна опасност. Тоа го изјави в.д. министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во врска со состојбата на настраданите во автобуската несреќа што се случи околу 20.10 по локално време во близина на Стара Загора.

– Причините за несреќата се расчистуваат, но нема надворешни причини, изјави бугарскиот министер.

Меѓу повредените е и возачот на автобусот.

Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар. Патувале од Несебар и се членови на фолклорниот ансамбл ЈУ-ЛИРА од Србија.

Повеќето се од Батајница.

Сите повредени се упатени кон болницата во Стара Загора.

По наредба на главниот обвинител Иван Гешев, екипа истражители од Националната истражна служба се упати кон местото на сообраќајната несреќа кај Стара Загора. Тоа го соопштија од обвинителството.

На таа магистрала пред два дена загинаа бремена жена и дете откако автомобил со турски регистерски талбички со кој се превезувале излетал од патот.

Еден од патниците за Нова.бг раскажа што се случило непосредно пред несреќата.

„Возачот се наведна да го тргне седиштето до него, тоа се свитка и автобусот слета во ендек“, изјави таа за бугарскиот портал.

Според неа, децата се од фолклорна група и по учеството на фестивалот се враќале дома.

„Бевме на фестивал во Несебар игравме, пеевме. Се упативме дома во Србија. Застанавме да се одмориме на бензинската пумпа, толку. Од Батајница сме“, додаде таа.

-Не посакувам никој да види ваква глетка – расплакани деца, раскрвавени тела“, сподели Теодор, за новините.бг, кој бил на лице место.

Тој додаде дека слушнал како еден од водачите на детската група вели дека во автобусот патувале 48 лица. Жената рекла и дека немало автомобил кој можел да го попречи движењето на автобусот и дека се превртел во каналот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7