ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/13/22 9:15 PM

Мажи отвoрете очи! Знак кој покажува дека жената ве изневерува

Експертите велат дека нашето однесување за време на секс открива многу за нас, а верувале или не, една работа може да ја открие жената која е повеќе склона кон изневерување.

Според истражувањето во кое учествувале 138 жени и 121 маж кои се во хетеросексуални врски, било утврдено дека колку почесто партнерот глуми оргазам, толку е поголема веројатноста таа да го изневерува партнерот.
Експертот за секс Тами Нелсон истакна дека дури 80 отсто од жените признале дека лажирале кулминација за време на сексуалниот однос. Инаку, некои поранешни студии покажаа дека жените кои „глумеле“ оргазам не се задоволни од сексот со партнерот, што не е чудно или не се во состојба искрено да му објаснат на партнерот што сакаат за време на односот.

А кога во врската има незадоволство од сексуалниот живот и нема изгледи дека ќе се промени, многу се поголеми шансите личноста да бара „нешто на страна“.

Проблемот со глумењето кулминација е што партнерот не сфаќа дека жената навистина не е задоволна и затоа не е свесен дека следниот пат можеби ќе треба да направи нешто поинаку, за таа да доживее кулминација. И така се влегува во маѓепсан круг на незадоволство и глумење оргазам, поради што многу жени одлучуваат да ги задоволат своите потреби со некој друг.

Постојат неколку причини зошто жените не им признаваат на своите партнери дека глумат оргазам – некои се плашат да покажат вистински чувства, други не сакаат да ги повредат чувствата на партнерот, а има и такви кои можеби не го познаваат доволно своето тело и не знаат што треба да се промени во сексот за да тие навистина би уживале во тоа.

Секако, експертите за секс истакнуваат дека искрениот разговор е најважното нешто за да може вистински да уживате во врската бидејќи никој не може да чита ничии мисли и однапред да знае што сака другата страна. Обидете се отворено да разговарате со партнерот за тоа што сакате, што ве радува и променете го она што ве „мачи“ во креветот, за и двајцата да бидете задоволни.

Исто така, советот за мажите кои забележуваат дека нивната партнерка ја „фолира“ кулминацијата во сексот е дека, доколку жената не започне разговор за тоа, да ја отворат оваа тема и да се обидат да откријат што е тоа што навистина ја радува.

Извор: мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7