ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/12/22 7:35 PM

(Видео) Хорор во Цетиње! „ Пукаше кого ќе сретнеше“ – Маж убил 11 луѓе, а шестмина повредил, полицијата го застрелала

Единаесет лица се убиени и шестмина се повредени во денешниот инцидент кој се случи околу 16 часот во Цетиње, а црногорската полиција го уби напаѓачот.

Во населбата Медовина во Цетиње, убиени се 11 лица, а шестмина се повредени, меѓу кои и припадник на полицијата, потврди полицијата на РТЦГ.

Црногорскиот јавен радиодифузер јавува дека на трагедијата и претходел семеен конфликт, по што напаѓачот по случаен избор пукал во минувачи на улица. Напаѓачот пукал и кон полицијата, а во пресметката е убиен.

Во болницата во Цетиње се хоспитализирани четворица повредени, а двајца се во Клиничкиот центар во Подгорица.

Според неофицијални информации, напаѓачот е 34-годишен маж, кој пукал и во деца.

Тој дел од градот е блокиран, зголемено е присуството на полицијата, а се собраа и голем број локални жители.

Од очевидци на местото на настанот РТЦГ дознава дека напаѓачот се движел низ населбата и пукал во граѓани кои случајно се нашле таму.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7