ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/12/22 7:21 PM

Свадба каков што арапскиот свет не видел – Се мажи Иман, ќерката на кралицата Ранија и кралот Абдула

Ќерката на кралицата Ранија и кралот Абдула од Јордан, Иман бин Абдула наскоро ќе се омажи за Џамил Александар Термиотис и се подготвува свадба која арапскиот свет долго ќе ја памети.

Иман бин Абдула има 26 години и се вери со Џамил Александар Термиотис.

Веста дека нејзината ќерка се свршила ја објави самата кралица Ранија преку својот профил на Инстаграм:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)


„Честитки најдрага Иман, твојата насмевка отсекогаш била подарок на љубовта и јас ја сакам твојата насмевка од денот кога си родена. На тебе и на Џемил ви посакувам живот полн со љубов и смеа!“, напиша гордо таа.
Фотографијата на идниот пар е совршена. Иман блеска во бел свечен фустан додека нејзиниот веренички прстен обложен со дијаманти доаѓа до израз. Нејзиниот згоден вереник се фотографирал во беспрекорно скроен костум. А убедливо најсилен впечаток е среќата на нивните лица.

Добрата вест официјално ја објави кралското семејство како и семејството Термиотис.
Како и нејзината мајка Ранија, Иман дипломирала на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, како и нејзиниот брат Хусеин. Таа е научник, спортист, вљубеник во модата, како што открива префинетата облека што ја носела на јавни настани на кои била придружувана на нејзината мајка, од гала во европските метрополи до настани на дворовите на Блискиот Исток.

Претходно често нагласуваше дека и е исклучително важно да биде добра мајка.
Познато е дека Џамил Александар Термиотис (28) е роден во Каракас, Венецуела, а неговото презиме покажува дека има грчка крв. Вереникот на Иман студирал бизнис администрација и почнал да работи во финансискиот сектор во Њујорк.

Венчавката на убавата двојка се чека со нетрпение, а ќе биде една од најспектакуларните во арапскиот свет и меѓу најследените настани токму поради врската која јорданското кралско семејство отсекогаш успевала да ја одржи меѓу две култури – источната и западна – кои отелотворуваат различни вредности, но паметната Ранија успеа да создаде рамнотежа со умереност.

За претстојната венчавка пишува и италијански „Вог“ и наведува доаѓање на членовите на британското кралско семејство, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, како и принцот Чарлс и Камила, кои официјално го посетија Јордан во ноември минатата година, а домаќин беше кралицата Ранија. и кралот Абдула.

Извор: курир.рс

Фото: Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7