ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/12/22 6:08 PM

И Владо Јаневски се попишмани, го откажа настапот за прослава на Рамковниот

По Антониа Гиговска беше најаваено дека  Владо Јаневски ќе натапи на прославата на Рамковниот договор на плоштадот „Скендербег“, но, денес на неговите фан страни на Инстаграм и  на Фејсбук објави соопштение декаи тој  нема да настапи.

И тој и Антониа беа најавени како гости на прославата  21 годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор,  замислена како фестивал на мирот, во организација на Министертвото за политички систем.

-Владо Јаневски не настапува на прославата која се одржува на 13 август на плоштадот „Скендербег“, се вели во кусото соопштение без образлоѓение зошто го орткажува настапот.

Пред воопшто да се спомене името на Јаневски како учесник драма се случи со пејачката Антониа Гиговска, која беше најавена, но поради негативните коментари на социјалните мрежи учеството го откажа со образложение дека ниту таа ниту нејзиниот менаџерски тим не знаеле за што станува збор, односно за каква манифестација и дека таа не настапува на настани поврзани со политика.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7