ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/12/22 1:56 PM

(видео) Тиктокерската слава кратко траеше – Штипската полиција ги пронајде мотоциклистите кои дивееја во Сењак

Видео на кое се гледа како млади мотоциклисти со голема брзина на едно тркало возат на реконструираната крстосница во населбата Сењак во Штип, а потоа во група и кршење на прописите и во други делови од градот, стигна и до штипската полиција. Видеото објавено на популарната мрежа ТикТок ги откри лицата на младите возачи кои свесно и намерно ги кршат сообраќајните правила и прописи. СВР Штип најави санкции.
-На 11.08.2022 по објавеното видео на социјалните медиуми на кое се гледа како мотоциклисти ги прекршуваат сообраќајните правила и прописи, по преземените мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Штип утврден е идентитетот на учесниците мотоциклисти и по целосно документирање ќе следи соодветен поднесок, соопшти штипската полиција.
Сообраќајната полиција изминатите недели интензивно спроведува акции со цел спречување на дивеењето на главно младите мотоциклисти. Одземени се мотоцикли, санкционирани се возачите без дозвола, тие кои возат без заштитен шлем, но и тие што додале дополнителни засилувачи на звукот. Граѓаните се жалат на овие учесници во сообраќајот од кои немаат сон, но и предизвикуваат хаос по улиците, а понекогаш и по површините за движење на пешаците. Штипската полиција упати апел до овие млади луѓе, но ги повика и родителите:
-Посебно апелираме до родителите да бидат внимателни и да не подлегнуваат на притисокот и барањата на своите деца, да не им овозможуваат неконтролирано користење на мопеди, без претходно да им обезбедат основни знаења и способности за правилно и безбедно учество во сообраќајот, апелираше СВР Штип.

Видео: ФБ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7