ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/12/22 12:54 PM

Актерката ги живее последните часови, ќе се донираат органите – И бившата девојка и посакува се најдобро

Водителката Елен Деџенерис за прв пат проговори откако нејзината поранешна девојка, актерката Ен Хеч, доживеа тешка сообраќајна несреќа во која беше во критична состојба и се бори за живот.
По несреќата, Елен била видена како излегува со пријателка, а во таа прилика новинарите ја прашале дали се слушнала со Ен, со која била во врска три години.

„Не се слушам со неа. Веќе не сме во контакт, па не знам како е“, признала таа.

„Секако дека и посакувам се најдобро. Не сакам никој да биде повреден“, додала таа.
Љубовта меѓу Деџенерис и Хеч ги полнеше медиумските колумни во 90-тите. Во 1997 година стана познато дека тие се во врска, па дури наводно сакале да се венчаат „еднаш кога истополовите бракови ќе станат легални во Вермонт“.

Меѓутоа, во 2000 година објавија дека се разделуваат, а според некои извори причината за раскинувањето на нивната врска е тоа што Ен се заљубила во Колман „Коли“ Лафун, снимател со кој подоцна се омажила, пишуваа странските медиуми.
Лафун поднесе барање за развод на 2 февруари 2007 година, по пет и пол години брак. Актерката наводно го оставила сопругот поради нејзиниот колега од “Men in Trees”, Џејмс Тапер. Во декември 2008 година, претставникот на Ен потврди дека актерката е бремена со нивното прво дете.

Сепак, нивниот брак исто така не траеше и се разведоа во 2018 година.

По тешката сообраќјка, која пред неколку дена ја доживеа, кога возела во алкохолизирана состојба, сега нејзиното семејство излезе со шокантна објава.

“За жал, Ен Хејс се здоби со тешки повреди на мозокот и се уште е во кома, во критична состојба. Не се очекува да преживее. Нејзиниот избор е долго време да ги донира своите органи, а сега е на апарати за одржување во живот додека не се утврди дека би можела да и се донира некој од органите“, стои во официјалното соопштение на семејството на познатата актерка.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7