ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/11/22 9:44 AM

Ангела од „Бекстејџ“ во спотот на Тајзи

Водителката на „Бекстекџ“, Ангела Јакимовска е дел од новиот спот за песната „Нутела“ на Тајзи.

Спотот е снимен во Гевгелија, а во него покрај Ангела учествуваат и уште неколку убавици од модното студио „Црнокрак“.

-Не ми е прв пат да бидам дел од спот на нашите уметници, но овој опат навистина си поминавме супер на снимањето. И Тајзи е професионалец, така да се надевам дека песната ќе помине супер, не само затоа што е супер песна, туку и дека видеото го красат многу девојки, вели таа.

Ангела е зафатена со обврски околу снимање на емисијата „Бекстејџ“, што значи дека летово ќе го помине работно.

-Не ми е жал, си ја сакам работата. Обврските околу „Бекстејџ“ ми се убави, се трудам да ги завршам најпрофесионално. „Бекстејџ“ е инсипирација за мене, додава таа.

Погледнете го спотот на Тајзи, во кое дел е и нашата убавица Ангела:


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7