ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/10/22 5:40 PM

Двајца починати од Скопје и Богданци од Ковид-19, во Пехчево нема заразени

Од новите случаи, 255 се во Скопје, во Битола – 49, Куманово – 44, Кавадарци – 42, Охрид – 32, Прилеп, Велес и Струмица – по 27, Тетово и Штип – по 24, Гевгелија и Радовиш – по 20, Гостивар – 16, Кочани и Делчево – по 12, Неготино – 10, Кичево и Струга – по 8, Ресен – 7, Крива Паланка и Берово – по 5, Свети Николе и Валандово – по 4, Кратово – 3, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Пробиштип и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (693), регистрирани се 170 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (77г) и Богданци (77г).  Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се  регистрирани  починати лица.

Само во Пехчево нема новозаболени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7