ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/10/22 9:14 AM

Стивен Сигал снима документарец за војната во Донбас

Американскиот актер Стивен Сигал снима документарен филм за настаните во Донбас, изјави шефот на Доњецката Народна Република (ДНР) Денис Пушилин по средбата со Сигал.
„Стивен Сигал снима документарен филм за војната во Донбас. Тој денеска разговараше со воените затвореници во притворот Јеленовка. Некои од затворениците неодамна беа убиени како резултат на насочен ракетен напад на украинските војници“, напиша Пушилин на својата Телеграм, а пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Според Пушилин, „Сигал забележал дека 98 проценти од оние кои зборуваат за конфликтот во медиумите никогаш не биле тука, така што светот не ја знае вистината“. Тој сака да го промени својот став кон оваа војна“, истакна лидерот на ДНР, додавајќи дека тоа не е лесна задача и му посака на актерот многу успех.

Прес-службата на Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР) претходно објави дека Сигал го посетил Донбас заедно со партискиот лидер Леонид Слуцки, кој е и претседател на меѓународниот комитет на руската Државна дума (долниот дом на парламентот).


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7