ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/9/22 3:03 PM

Паѓа бројот на новозаразени, нема починати и во секој град има новозаболени

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1 537 тестови, а регистрирани се 679 случаи на КОВИД-19, од кои 130 се реинфекции. Регистрирани се 291 оздравен пациент, нема пријавено починати лица. Во моментов се активни вкупно 4.379 случаи на коронавирусот, информира Министерството за здравство.

Од вкупниот број новозаболени, 237 се од Скопје,  Битола – 59, Oхрид – 38, Кавадарци – 37, Куманово – 35, Гостивар – 30,  Тетово  – 28, Прилеп –  24, Кочани – 17, Струмица, Берово, Струга и Велес – по 13, Гевгелија– 12,Штип – 11, Неготино и Радовиш – по 10, Кичево,  Ресен, Делчево, Виница и Кратово  – по 5, Крива Паланка – 4, Валандово – 3, Свети Николе, Дебар и Крушево – по 2, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7