ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/9/22 1:43 PM

Со години не доаѓаат на работа, а и ако доаѓаат ништо не работат – Арсовска дообјасни зошто се отпуштени 33 работници од Комунална хигиена

-Oтпуштени се од работа 33 вработени во претпријатието. Ако некому не му е продолжен договорот тоа значи дека раководството не е задоволно од неговата работа. Тоа не се лица кои со години не доаѓале од работа, туку има и такви кои доаѓале, но не си ги извршувале своите работни обврски,немале ниту лап топ со години, што значи дека ништо не работеле.

Ова денес го дообјасни градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по вчерашното отпуштсање на вработени во Комунална хигиена.

 

Според Арсовска ова не е отпуштање според национална основа, туку според резултати на работа.

-Не се работи за етникум, има лица од сите етникуми, туку лица кои воопшто не се појавиле на работа со години. Ако некој го поддржува ова треба да излезе и јавно да каже. Одговорноста за тоа дали работата се завршила или не е наша, а тие што не доагаат на работа а земаат плата треба да наидат на осуда. Не станува збор само за луѓе кои со години не доаѓале на работа, туку и доаѓале, осум часа ништо не работеле. Тоа значи дека целото опшество треба да се дигне, граѓаните ги плакаат да работат. Ова е една ситуација која трае со децении. Тие може да мислат што сакаат. Платени се да работат. Верувам дека ниеден граѓанин нема да се слоѓи некој да зема плата со години а не доагал на работа или работел без лап топ. Што работел? Овде не запираме, реформи мора да има, рече Арсовска.

Арсовска вели дека како градоначалник не прави разлика межу етникуми, туку тие што работат или не работат.

-Ние, својот мандат го имаме добиено од граѓаните, да им се испорачуваат најдобрите можни услуги и притоа да нема непродуктивни трошења на лица кои не си ги извршуваат своите работни обврски, рече Арсовска.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7