ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/9/22 1:02 PM

Учениците ќе учат од соодветни материјали доколку доцнат учебниците по новите програми

Во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми.

Согласно Концепцијата која МОН ја усвои минатата година, тие се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а во учебната 2022/2023 по нови наставни програми ќе учат учениците од второ и петто одделение.

Од МОН за МИА велат дека во различна завршна фаза се постапките за одобрување на учебниците за кои се изготвени нови наставни програми, така што, доколку постапките се пролонгираат и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето од подготвени соодветни материјали  додека ги добијат новите учебници.

– На анонимниот конкурс дел од ракописите се избрани, но има и такви кои се со забелешки  од рецензентските комисии и тие треба да претрпат одредени измени/дополнувања. Откако авторот/авторите ќе ги имплементираат, ракописот со измените повторно се враќа кај рецензентите заради констатирање на измената, информираат од МОН.

Согласно Концепцијата за основно образование, освен во печатен, учебниците од четврто и погорните одделенија ќе бидат достапни и во дигитален формат на порталот e-ucebnici.mon.gov.mk.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7