ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/9/22 11:04 AM

Спортски скандал- Легендарниот спортист го заразил бившиот дечко со ХИВ вирус, сега се на суд

Легендарниот велшки рагбист Герет Томас се најде на суд откако беше тужен од неговиот поранешен партнер Јан Баум, кој тврди дека Томас го заразил со ХИВ!
Тој тврди дека еден од најдобрите рагбисти од неговата генерација „не успеал да биде одговорен и да го извести дека е заразен со ХИВ вирусот“, на што Томас одговара тврдејќи дека тоа не е вистина.

Тие двајца биле во врска од 2013 до 2018 година, иако неколку пати раскинувале. Томас сега има 48 години, Баум 59 и по долга врска се на суд.
Обвинителот тврди дека велшкиот рагбист дознал дека е ХИВ позитивен два месеци откако започнал врска со Баум, а извори блиски до Томас инсистираат на тоа дека обвинението е „измислено“.

Герет Томас има легендарен статус не само во рагбито, туку и во геј заедницата. Тој беше во брак од 2001 до 2009 година, а кога се разведе пред почетокот на последната професионална сезона, јавно призна дека е хомосексуалец и дека е еден од првите разведени кои го направиле тоа.

Сега на суд неговиот поранешен партнер Јан Баум бара 200.000 евра отштета, а многу е можно повеќе да бара по основ на душевна болка, нанесување физички и психички повреди…

Извор: новости,рс

Фото: Принтскрин видео


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7