ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/8/22 10:00 AM

Денес е „Св. Петка“, празникот на жените – Што треба а што не треба да се прави на овој ден?

На 8 август се празнува празникот „Св. Петка“, а со него завршува малиот летен „циклус женски празници“ во кој се вклучени и Огњена и Блага Марија.

Оваа светителка е родена во Рим. По смртта на нејзините родители, кои биле многу богати, целото свое наследство го поделила на сиромашните и се замонашила. Таа страдала од прогонството на христијаните, но покажала неверојатна храброст и сила на верата.

Моштите од „Св. Петка“ се чуваат во Цариград. На фреските и иконите таа е претставена во монашка облека со крст, како симбол на страдањето, во едната рака, а во другата гранче мирта.
Обичај е жените да не се занимаваат со домашни работи, туку да слават и да го поминат денот во радост, мир и молитва.

Нашите прабаби верувале дека на овој ден никако не треба да се меси леб, да се пере, да се вади пепел или да се работи каква било физичка работа, за да не трпнат женските раце во текот на годината.

На овој ден жените и девојките берат свежо цвеќе и со нив ги украсуваат своите домови за да владее мирот и хармонијата во нив во текот на целата година. Исто така, се верува дека денес треба да се носи нова и убава облека, особено кај девојчињата, за да ги придружува среќата.
Според традицијата, оваа светителка е заштитник на жените и се верува дека им помага на болните и сиромашните. Дури и денес, многумина се молат над нејзините мошти бидејќи се верува дека тие лекуваат и помагаат во проблемите во животот.

Во молитвата до „Св. Петка“ се вели:

„Свети Петко,  Божја светитњлко, моли се на Бога за нас. Ти беше удостоена да го видиш лицето Божјо како чедо на нашиот народ, славна светице Петка, затоа имаме слобода да зборуваме со тебе, наша сродна душо, и да ти се молиме за спас на нашите души.

Извор: курис.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7