ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/8/22 7:00 PM

Ниту му отиде на погреб, ниту, пак, на гроб – Валиде султан ја прегазил човекот кого безрезервно го сакала

Султанија Ајша Хагсе Валиде ни е позната од популарната серија Сулејман Величествениот.

Турската актерка направи долга пауза по овој лик, а потоа се врати на малите екрани во серијата „Љубов и пари“.
Нејзиниот лик маестрално го одигра Небахат Чехре, една од најдобрите турски актерки. Во кој проект и да се појави, станува вистински хит. Сепак, она што е малку познато за оваа прекрасна дама е фактот дека нејзината животна приказна е исполнета со многу неверојатни настани.

Небахат е родена во 1944 година во гратчето Самсун, а по смртта на нејзиниот татко се преселила во Истанбул. Уште од мала ја красеше нереална убавина, а на само 15 години беше Мис на Турција и ја претставуваше својата земја во Лондон во 1960 година.
Додека работела како модел, ја забележале многу режисери и почнала да добива понуди за улоги во филмови и серии, со што започнала и многу успешна актерска кариера.

Првиот момент кој ја однесе на нова страна од животот се случи во 1964 година кога ја доби главната улога во филмот Камали Зејбек. Тоа и донесе и љубов, бидејќи се заљуби во Јилмаз Гуни, актер и партнер на сетот кој беше 14 години постар од неа. Таа го сметаше за маж на нејзиниот живот. Но, љубовната идила не траеше долго.
Таа беше прекината со шокантно откривање – Јилмаз живеел паралелно со друга жена, Кан Унал. Во истиот момент таа го оставила, ги спакувала куферите и отпатувала за Мајами на изборот за Мис.
Во меѓувреме, мажот на нејзиниот живот добил дете со друга жена, но по враќањето во Турција, Небахат ја обновила романсата со него, со оглед на тоа што повторно биле споени на филмското платно.
Овој пар успеал да ја одржи својата љубов од втор пат, па „грдиот крал“ и „кралицата на убавината“, како што ги нарекувале, решиле да се венчаат во 1967 година.
Набрзо следеле приказни дека нивниот брак е полн со насилство, а разводот следел само 15 месеци од нивниот заеднички живот.

– Се скараа во клубот и Небахат бесна си замина и почна да трча кон хотелот во кој престојуваа. Јилмаз влезе во автомобилот, удри на гас и пред мои очи ја прегази жената што ја сака. Небахат леташе во воздух и падна на улица. Четири дена беше во болница, ја скршила клучната коска. Оваа случка ја криевме од сите. Нивниот брак заврши набрзо потоа. Но, тие никогаш не престанале да се сакаат – изјавил еднаш нивниот пријател.
Оваа фатална љубов завршила со смртта на Јилмаз во Париз, по битката со тешката болест. Небахат не била на погребот, ниту пак некогаш го посетила неговиот гроб во француската престолнина.

Тогаш помисли дека конечно ја нашла среќата покрај кошаркарот Јавуз Демир. Тие се венчале во 1976 година, но нивниот брак траел три години. Непосредно пред разводот, Небахат го абортирала нивното заедничко дете, сфаќајќи дека нивниот брак е пред распад.
– Пораснав со очув, немав вистински татко, поради што не сакав и моето дете да помине низ истата ситуација. Си ветив дека ако некогаш имам брак за кој верувам дека ќе потрае, ќе имам и дете – изјавила тогаш актерката.

Најубавата турска актерка Небахат Чехре, освен во манекенство и глума, се испроба и во музиката, бидејќи има голем талент и за пеење. Во согласност со нејзиниот карактер, таа најмногу добивала улоги на силни и моќни жени.

Извор: курис.рс

Фото: Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7