ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/6/22 8:43 PM

Не спиев со Тајга, вели стружанката Теодора Мартиноска, за трачевите дека завршила во кревет со раперот

Познатата стружанка Теодора Мартиноска, која на македонската јавност и стана позната по смелите фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи и од истите заработува, пред неколку недели беше повторно во центарот на вниманието.

Причина за тоа беше американскиот рапер Тајга, односно во деновите кога одржа голем концерт во Скопје, по што ја озборуваа дека завршила во хотел со големата музичка ѕвезда.

Дури се појави и фотографија на која можеше да ја видиме како атрактивната стружанка го чека раперот во вип-возилото.

Но, таа вели дека во моментот кога е направена фотографијата, во комбето не била сама, туку имало уште неколку луѓе од Македонија, гости кои биле поканети на забавата од раперот, иако според фотографијата личело сосема поинаку, односно дека само таа заминала во хотелот каде бил сместен Тајга.

“Читав што се пишуваше тие денови на порталите за мене и за наводното мое “завршување” во хотелската соба на Тајга, но не сакав да реагирам. Вистината е сосема поинаква, во комбето не го чекав сама Тајга, имаше уште неколку мои пријатели со кои заедно бевме во хотелот на Тајга. Таму немаше никаква забава, туку се подружевме во фоајето на хотелот и сите си заминавме од таму, а Тајга остана нормално да се одмори и да спие” – вели Мартиноска и додава:

„Меѓу раперот и мене немаше ништо, освен обична дружба, а присутни беа и уште неколкумина други пријатели“.

Теодора стана позната и по изјавата дека преку страницата „Only Fans“ ги продавала своите носени гаќички и дека имала голема побарувачка за тоа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7