ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/6/22 1:22 PM

УЕФА го казни Фенербахче поради навивачката поддршка за Путин-Што ќе направи со ЦСКА за навивачкиот скандал?

Европската фудбалска федерација (УЕФА) му изрече парична казна од 50.000 евра на Фенербахче, како и делумно затворање на трибините за следниот европски натпревар, поради навивачкото скандирање на името на рускиот претседател Владимир Путин на реваншот против киевски Динамо во Истанбул во рамки на квалификациите за Лигата на шампиони.

Украинскиот шампион триумфираше со 2-1, а дел од навивачите на Фенербахче скандираа „Путин, Путин“, испровоцирани од прославувањето на голот на гостинската екипа.

Фенербахче е казнет поради фрлање тврди предмети на теренот од трибините и навредливо скандирање, и покрај паричната казна, ќе мора да затвори дел од стадионот за следниот натпревар во европските натпреварувања.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7