ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/6/22 10:32 AM

Мртва пијана, со шише вотка направила сообраќајка – Лекарите се борат за живот на познатата актерка

Актерката Ен Хеш итно била пренесена во болница по страшната сообраќајна несреќа која ја предизвикала додека возела под дејство на алкохол.

Ен(53) била сликана со шише вотка во нејзиниот автомобил само неколку минути пред страшната несреќа.

Американските медиуми јавуваат дека Ен го возела својот автомобил пијана, и дека прво удрила во станбена зграда. Иако случајни минувачи се обиделе да и помогнат и да ја извлечат од возилото, актерката одбила помош, удрила во гас и продолжила по улицата.
Набрзо повторно удрила во друга куќа, но автомобилот во таа прилика се запалил. Пожарот набрзо ја зафатил куќата. Актерката била извлечена од возилото со сериозни изгореници и лекарите во моментов се борат за нејзиниот живот. Ен е интубирана и се наоѓа на одделението за интензивна нега, јавуваат американските медиуми.

Актерката е позната по улогите во филмовите „Знам што направи минатото лето“, „Шест дена, седум ноќи“, „Вулкан“, „Враќање во рајот“…

Во 1990-тите таа крена голема прашина кога беше објавено дека е во врска со водителката Елен Деџенерис. По нивното раскинување, Ен се омажила за снимателот Колман Лафун и му родила син, а потоа го оставила за актерот Џејмс Тапер и му родила уште едно дете.

Извор:мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7