ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/5/22 3:42 PM

Почивај во мир прекрасен човеку – Почина актерот Митко Апостоловски

Македонскиот актер Митко Апостоловски почина на 67 годишна возраст. Веста за неговата смрт преку социјалната мрежа Фејсбук ја пренесе неговиот колега Петар Горко.

– Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот, напиша Горко.

И на неговиот Фејсбук профил веќе се изразува сочуство до семејството.

„Македонската и балканската театарска и филмска сцена денес изгубија многу. Битолскиот театар остана без еден од своите доајени. Но секогаш ке те паметиме вака, како што и беше великан на театарските стици и филмското платно“, „Уште една легенда ни замина на небото…Почивај во мир!“..

Митко Апостоловски е роден на 7 март 1955. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работи во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995). Од 1995 г. е повторно во Народниот театар во Битола.

За себе ги остави значајните улоги во „Наши години“, „Илинден“, „Белото циганче“, „Бог да ги убие шпионите“, „Проколнати“, „Заборавени“, „Офицер“, „Денес утре“, „Во светот на бајките“, „Големата вода“, „Јас сум од Титов Велес“, „Трето полувреме“, „Тврдокорни“, „До балчак“, „Последниот Македонец“ и многу други филмови и серии.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7