ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/7/22 10:48 AM

(Видео) Исчистете го целиот дом за еден час и тоа со природни производи: Позната инфлуенсерка ги открива своите трикови

Како да се исчисти целиот дом во еден час советува инфлуенсерката, Даниеле Диксон.

Средениот дом е среќен дом, а aко во куќата сѐ е средено, и енергијата во таквиот дом ќе биде позитивна. Иако ова можеби звучи како дека секој ден треба да трошите време на чистење и да станете „роб“ на сопствениот дом, сепак постојат едноставни трикови кои можат да ви помогнат за кратко време да го исчистите вашиот дом и долго да го одржувате уреден, а некои од нив ги има покажано инфлуенсерката Даниеле Диксон.

Таа тврди дека целата куќа можете детално да ја исчистите за еден час, само мора да бидете ефикасни и да имате добар план. Пред да почнете да чистите, таа советува:

Најефикасно куќата ќе ја средите наутро кога имате најмногу енергија и мотивација – совршен тајминг е после првото кафе;

Задолжително пуштете музика која ја сакате и која ќе ве опупти и облечете нешто удобно;

Прво започнете од најнесредените простории во куќата,;

Можете да користите стоперка како еден вид мотивација за да се натпреварувате сами со себе.

Како да се исчисти секоја просторија во домот:

Кујна (10 минути) –

Рерната поченете да ја чистите навечер, пред спиење. Направете средство од 80 мл вода, 80 мл оцет и 130 грама сода бикарбона. Средството нанесете го во внатрешноста на рерната, а следниот ден измијте го со вода. Измијте ги валканите садови, крпите ставете ги за перење, избришете ги сите површини, како и чешмата. Препорака е за отстранување на белите дами од чешмата да користите лимон и сода бикарбона. Поминете го подот со правосмукалка и избришете ги подовите.

Дневна соба (10 минути )

Отстранете ги валканите садови, а исто така, облеката ставете ја на перење. Истресете ги перниците,  па наместете ги. Избришете ја прашината од столовите и целиот мебел. Отворете прозорци, а тогаш посипете сода бикарбона по тепихот, па потоа поминете со правосмукалка. Содата ќе ги отстрани сите нечистотии и непријатни миризби. Немојте да заборавете на просторот зад каучот и фотељите. Секогаш на крајот чистете и со правосмукалка за да ја соберете целата нечистотија и прашина која во текот на чистењето паѓа на подот.

Бања (15 минути)

Туш кабината или кадата исчистете ја со алкохолен оцет за да се остранат дамките од бигор. Насекаде испрскајте оцет, а тоа можете да го направите и ноќта, па утредента избришете ги чешмите, вратата од туш кабината, кадата и лавабото. Прво исчистете го надворешниот дел од тоалетната школка, па внатрешниот за да не ширите бактерии наоколу. За чистење на бањата секогаш користете топла вода. Исчистете со правосмукалка и избришете го подот, па заменете ги употребените пешкири со чисти за да сѐ биде потолно свежо.

Детска соба (10 минути)

Овде можете да ги ангажирате и децата да ви помогнат. Соберете ги играчките во кутии, гардеробата која е носена ставете ја во корпа со нечистата облека. Наместете го креветот и отворете прозорец. Пластичните играчки можете да ги измиете и во машината за перење садови. На децата дајте им задача со гума да го остранат цртежите од ѕидовите. Погледнете под креветот да не се има заглавено некоја играчка или книга. Потоа исчистете со правосмукалка и избришете прашина.

Спална соба (10 минути)

Прво одвојте ја облеката за перење, протресете ги перниците, заменете ја постелнината. После перењето, постелнината секогаш здиплете ја во пар, за да можете полесно да ја извадите од ормарот и за да ја задржите уредноста. Отворете прозорци за да влезе свеж воздух во собата, пребришете прашина, подот и всмукајте.

Погледнете ја забрзаната видео снимка од чистење на куќата според советите на оваа инфлуенсерка.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DANIELLE DIXON (@housetohomeatlast)

Извор: sensa.story.hr

Фото:  Илустрација / Pexels


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7